Горазд (Кени) Китановски ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во слем-поезија во Италија

Горазд Кени Китановски ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во слем поезија кое ќе се одржи во Рим, Италија на 8 -ми декември.

„Не знам дали сум спремен, само знам дека секој стих е напишан од срце а тоа е доволно за сцената да ја осветлиш со енергија и создадеш космичка атмосфера“, напиша Китановски.

Ианку Горазд Кени Китановски многумина го запознаа како момчето кое им читаше поезија на патниците на автобуската линија „41“ и каде им делеше празни ливчиња за да напишат по некој убав збор. Ова беше начинот кој тој го одбра за да ја промовира својата прва книга „Бетер Тајмс“.

Кени досега има настапувано на повеќе фестивали каде има простор за поезија, но и наменски фестивали наменети само за поезија.

Scroll to Top