Рестораните на Нусрет Гокче се познати по високите цени за храна и услуга, па не е исклучок ниту ресторанот Nusr-Et Steakhouse во Абу Даби.
Познатиот готвач Солт Бае е познат по своите видеа на специфичен начин на солење месо. Откога гостин платил висока сметка во ресторанот, сопственикот се соочил со критики.
Така, готвачот на својот инстаграм-профил објави фотографија од сметка со многу бројки. Според фотографијата од сметката, не е вклучена услугата. На вечерата имало 14 луѓе, а сметката била 162.000 евра.
View this post on Instagram
Во сметката се прикажани некои од означените нарачки, кои влијаеле на крајниот износ на услугата. Така, пет шишиња од познатото вино Pétrus чинат колку и храната.
По објавувањето на оваа сметка, следбениците на познатиот готвач критикуваа за високата сметка.
Овој тип на објавување ги вознемирува повеќето луѓе во светот и ги обесхрабрува да посетуваат некој од неговите ресторани што можеби се во нивниот град или дестинација што ја посетуваат, е еден од коментарите.
Турскиот готвач Нусрет Гокче стана познат по начинот на кој го соли месото. За да стекне слава поради своите вештини, работел во локални ресторани на познати метрополи.
После тоа, тој се вратил во Турција и го отворил својот прв ресторан „Нуср Ет“, а подоцна и голем број други во светот.
View this post on Instagram