Гоце Делчев доби мурал на зградата од кумановската Гимназија

Мурал со ликот на Гоце Делчев ќе се најде на зградата од средното општинско училиште гимназија „Гоце Делчев“ во Куманово.

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски рече дека муралот е се уште во изработа, но е горд што истакнат македонски револуционер и великан како Гоце Делчев кој е синоним на македонската борба ќе добие мурал.

„Среќен сум што и преку едни вакви креативни идеи ги запознаваме и едуцираме децата и младите за македонската историја и за личностите кои се темелот на нашата државност“, вели Димитриевски.

Scroll to Top