Градоначалникот на Љубљана венчаше две истополови двојки, а ќе биде матичар и на трета

Актуелниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, стана омилен градоначалник на Европа. Тој во ноември се подготвува по петти пат да влезе во трката за градоначалник на главниот град во Словенија.

Тој во интервју за хрватски „Телеграф“ раскажал дека како момче израснал во селото Сараорци во Смедерево, и пораснал во левичар и атеист кој ги поддржува дури и браковите на хомосексуалците, дека досега лично има венчано две истополови двојки, а наскоро ќе ја има улогата на матичар на третата ваква свадба.

„Има и такви на кои им пречи моето потекло, но не се навраќам на нив, тоа се луѓе без идеи и визии. Немаат што друго да ми пренесат освен дека не сум роден во Љубљана“, изјавил тој.

Во исто време, градоначалникот, кој сака партизански да им се обраќа на присутните со пријатели и другари, го предаде ресторанот во Магистрат (старата општина на градот) на декларирани членови на ЛГБТ-заедницата.

„Јас сум чистокрвна мешана раса. Мајка ми е Словенка, татко ми Србин. Тој се декларира како атеист и одбива да се откаже од Путин и одликувањата што му ги доделил. Љубљана и Москва се збратимени градови, ние го негуваме споменот на заедничката антифашистичка борба, така што бришење на историјата не доаѓа предвид“, изјавил Јанковиќ.

Scroll to Top