Гром удри во авион за време на лет од Дубровник до Загреб

Гром удри во авион за време на летот од Дубровник до Загреб. Меѓу патниците настанала паника, а некои од нив велат дека забележале силна светлина и почувствувале силен удар.

„Беше слично како да ве удрил автомобил“, рече еден од нив.

Несреќата се случила за време на силно невреме кое деновиве го зафати северниот и централниот дел на Хрватска. Громот ги удрил пред пилотите да слетаат.

„Слушнав голем број вресоци. Кога сфатија што се случи, се смирија. На крај со мали турбуленции успеавме да слетаме“, рече еден од патниците.

Портпаролот на „Кроација ерлајнс“, Давор Јанушиќ, официјално потврди дека авионот бил погоден од гром и дека капетанот му го пријавил проблемот. .

„Авионот е детално прегледан и не е констатирана штета. Ќе биде вратен во сообраќај според планираното“, рече Јанушиќ и додаде дека авионот конструиран да штити од големи оштетувања при удар на гром, бидејќи струјата се пренесува во атмосферата преку статични празнења.

Scroll to Top