Гвардиол, Перишиќ и Јурановиќ се соблекоа на плажа за да рекламираат пиво

Хрватските фудбалери Јошко Гвардиол, Иван Перишиќ и Јосип Јурановиќ обезбедија бронзени медали на Светското првенство и заминаа на одмор на хрватското приморје

По исцрпувачкото темпо на клупската сезона и завршниот турнир од Лигата на нации, каде хрватската репрезентација го играше финалето, фудбалерите заминаа на заслужен одмор.

Фудбалерите се дел од летната кампања на „Ожујско пиво“. Кампањата дава одговор на прашање кое веројатно никој досега не го поставил, а тоа е: која е разликата помеѓу фудбалско првенство и летен одмор во Хрватска ? – На првенството не можеш да освоиш и злато и бронза истовремено, додека на летување во Хрватска можеш – да нарачаш пиво со златен сјај и да фатиш бронзен тен на една хрватските плажи, информираат од кампањата.

„Имавме навистина интензивен ритам во текот на целата сезона и навистина е крајно време да застанеме малку и да се одмориме. Му благодариме на Жуја за потсетувањето дека е време за одмор, на сите навивачи кои гласно навиваа на стадионите и пред малите екрани, ќе имаме краток одмор, а потоа и подготовки за новата сезона во која се и квалификациите за ЕП“, изјавил Јошко Гвардиол кој ја објави летната фотографија објавена на социјалните мрежи.

Следните натпревари Пламените ќе ги одиграат веќе во септември. Со натпреварите против Летонија на 8 септември и против Ерменија на 11 септември продолжуваат квалификациите за Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија.

Scroll to Top