Хаб е најмалиот населен остров во светот на кој има една куќа и дрво

Островот Џст инаф рум припаѓа на архипелагот Таузант ајландс, кој се наоѓа на границата помеѓу Соединетите Американски Држави и Канада.

Многумина тврдат дека островот Хаб, попознат како Џст инаф рум, е најмалиот населен остров во светот. Зафаќа само 310 квадратни метри на реката Свети Лоренс помеѓу Харт и Империјалните острови во близина на Александрија во округот Џеферсон во американската држава Њујорк.

Триста квадратни метри се доволен простор за да се смести куќа, дрво, трева и минијатурна плажа. Локалните жители се шегуваат дека островот е толку мал што ако направите еден погрешен чекор на него, ќе завршите непланирано во вода.

Островот е во сопственост на богатото семејство Сајзеленд од 1950-тите. Сакале мирно место за одмор, па изградиле куќа на нивниот мал остров.

Но, откако се прошири веста за постоење на остров со само една куќа на него, многу луѓе станаа љубопитни и почнаа да го посетуваат со чамци.

Scroll to Top