Хана, Ана и Луна се имињата на малите лавици во ЗОО Скопје

Луна, Ана и Хана се имињата што посетителите им ги дадоа на малите бели лавици од скопската Зоолошка градина. Изминативе денови, по објавениот повик, пристигнале речиси 3.000 предлози за имињата на трите женски лавици.

Неодамна лавиците беа пуштени во надворешното живеалиште, каде што целиот ден го поминаа во игра заедно со својата мајка, а посетителите имаа можност да ги видат првпат.

Scroll to Top