Дуелот меѓу Вардар 1961 и Пелистер е прекинат во 16:31 минута на теренот во СЦ „Јане Сандански“. Иако се очекуваше  дека ќе има судир на двете навивачки групи, домаќинот на натпреварот дозволи да се случи хаос.  Само што влегоа „Чкембари“ на трибините веќе не се знаеше кој е играч на теренот, а кој е навивач. Општ хаос. И Комити вртчаа да се пресметаат.

Ракометарите на Пелистер се повлекоа веднаш, бидејќи на теренот се најдоа фанови на Вардар, кои се упатија кон Чкембари, па почнаа на теренот да летаат секакви предмети.

Урбан Лесјак беше погоден со паричка, но тој не направи голема драма и  продолжи мечот . Кратко потоа почна драмата.