Хилари Клинтон ја поддржа Сана Марин ѝ објави како и таа се забавува во ноќен клуб

Поранешната американска секретарка Хилари Клинтон ѝ даде поддршка на финската премиерка Сана Марин, која деновиве беше критикувана по обајвените видеа како се забавува со пријателите. Клинтон сега објави фотографија од 2012 година кога и таа се забавувала како Марин.

Фотографијата е од посетата на Колумбија од 2012 година, кога се забавувала во ноќен клуб додека била на функција државна секретарка на САД.

„Џинџер Роџерс правеше сѐ што правеше Фред Астерд, само тоа го правеше во високи штикли“, рече Клинтон и ѝ порача на Марин да продолжи да танцува.

Објавата на Клинтон предизвика позитивни реакции, а брзо потоа стигна и одговор од Санин, која ѝ се заблагодари за поддршката.

Scroll to Top