Институтот за кардиваскуларни болести Дедиње, соопшти дека неговите хирузи за првите три месеци направиле повеќе од 700 комплицирани кардихируршки интервенции. На второто место е клиниката за кардиохирургија на Клиничкиот центар на Србија со околу 430 операции.
Трет е Институтот за кардиоваскуларни болести на Војводина во Сремска Каменица со речиси 400 успешни операции, а четврти се хирурзите од Универзитетскиот клинички центар во Ниш со нешто повеќе од 60 успешни операции.
Институтот на Дедиње е лидер во овој дел на Европа по бројот на успешност на најтешки операции, рекоа од таму и додадоа дека сите окрузи и региони во Србија, ги испраќаат нивните пациенти кај нив.
Како е наведено во 2019 година, поставен е рекорд во Европа со направени 2568 големи операции при кои се користела машина за вонтелесен крвоток. Вториот рекорд во Европа е поставен во 2022 година, кога за еден ден се направени 21 и 25 големи операции. Годинава планирани се преку 2500 големи операции.
Наредните денови се очекува 15 минимални инвазивни операции во еден ден. Хирурзите на Дедиње се убедливо рекордери по пишување трудови и едукација на хирурзите од други земји, велат од тамошниот Институт.