„Хјундаи јоник 5“ е прогласен за светски автомобил на годината

„Хјундаи јоник 5“ е избран за светски автомобил на годината на Меѓународниот автосаем што се одржува во Њујорк. Електричниот кросовер ги победи „Киа ЕВ6“ и „Форд мустанг мак-е“. „Јоник“ беше прогласен и за електричен автомобил на годината и ја доби наградата за најдобар дизајн.

„Со ‘јоник 5‘ креиравме ново искуство на мобилност. Ова исклучително возило го овозможија страста и напорите на нашите дизајнери и инженери, кои ги поместија границите во светот на електричните автомобили“, изјави иавршниот потпретседател на „Хјундаи“, Санг-Јуп Ли.

„Мерцедес EQS“ беше прогласен за најлуксузен, а „Тојота јарис крос“ за урбан автомобил на годината.

Изборот за најавтомобил во светот го направиле 102 новинари од 33 држави.

Scroll to Top