Холандската џез и поп саксофонистка Кенди Далфер ќе има концерт во Филхармонијата на 8 април, објави „Авалон продукција“. Таа ќе биде придружувана од нејзиниот деветчлен бенд.
Далфер (53) свири саксофон од седумгодишна возраст и е самоука музичарка. Таа денес е светска ѕвезда на овој инструмент.
Дебитантскиот албум на Далфер, „Сексуалност“ објавен 1990 беше номинирана за Греми награда. Таа има соработувано и настапувано со светски музички имиња како Принс, Ван Морисон, „Пинк Флојд“, Мадона и Дејв Стјуарт, со кого го сними големиот хит Lily Was Here.
Во нејзината кариерата има објавено 13 албуми, од кои последниот излезе лани.
„Заедно со својот бенд, Далфер ќе му приреди на Скопје ексклузивен и интимен концерт, но и енергично и возбудливо џез-поп-фанк шоу“, најавуваат од „Авалон“.
Билетите од денес (8 ми март) се пуштени во продажба: партер 2 – 2000 денари, партер 1 -3000 денари, ВИП влезници – 4000 денари и како што најави Авалон, пуштени се само 104. Билетите се достапни онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија.