Холандскиот град Леуварден доби подвижна шума со над илјада дрвја

By

Од почетокот на месец мај, околу 1.200 дрвја секојдневно се движат низ холандскиот град Леуварден, односно станува збор за прокетот „Боск“.

dobivaj vesti na viber

Тој ќе трае 100 дена, до 14 август, до кога 5.000 волонтери бавно ќе ги преместуваат дрвјата низ градот, на маршрута долга три и пол километри. За време на викендоте дрвјата мируваат, а од понеделник до петок,улиците и велосипедските патеки се затвораат за да можат дрвјата да се движат.

Идејата на проектот е на архитектот Бруно Дуденс која произлегла од негов есеј од 2021, во кој ја преиспита човековата врска со природниот свет.

Меѓу дрвјата има 60-70 локални видови кои се засадени во 800 дрвени контејнери. Во почвата има сензор кој алармира кога на дрвјата им треба вода. Проектот доби голема поддршка од локалните луѓе, а кога дрвјата стојат, меѓу нив се поставуваат клупи за да се ужива во сенката.

 

Ќе ви се допадне