Холанѓанка од момчето за подарок добила зајак кој тежи 10 килограми, поради неговата големина стана хит во Амстердам

Холанѓанката Даниел од Амстердам чува зајак кој тежи 10 килограми. Го добила за подарок од нејзиното момче и вели дека поради неговиот карактер повеќе личи на куче отколку на зајак. Даниел го шета Гас низ градот со поводник, исто како куче. Вели дека многу е питом и дека сака да се гали.

„Секогаш е пријателски настроен и кон луѓето и кој другите животни“, рече Даниел.

Повеќето зајаци кои се чуваат во домашни услови се мали и во просек тежат по три или четири килограми. Но, Гас е огромен и поради неговата големи стана хит и на „Инстаграм“.

„Кога бев мала многу сакав кучиња. Но, бидејќи живееме во Амстердам и имаме динамичен живот, свативме дека нема да можеме да се грижиме за куче. Тогаш момчето му предложи да чуваме зајак. Гас е многу мил и не прави проблеми кога е во друштво со деца, кучиња или мачки“, рече Даниел.

Девојката објасни дека Гас кога бил мал бил чуван во кафез.

„Сега ја има целата куќа на располагање. Може да шета во неа каде сака. Да се грижиш за него е навистина лесно. Научи да оди во тоалет. Тоа го прави во кутија на секои две до три недели. Го чешламе си играме со него постојано. Се забавуваме и уживаме да се гушкаме“, рече Даниел.

Таа објасни дека Гас е среќен кога ќе излезе во дворот.

„Таму скока околу нас и бара внимание. Секој поминат ден со него е вистински благослов. Никогаш не мислев дека зајаците можат да бидат толку паметни и слатки. Секое утро кога се будам едвај чекам да го гушнам. Пресладок е и има големо срце. Многу го сакам“, рече Даниел.

Scroll to Top