Хор на скопско училиште освои прво место на натпревар во Италија

Хорот на скопското основно училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ го освои првото место на натпреваот „Сите бои на уметноста“ одржан во Римини, Италија. Хорот беше под менторство на наставничката Вера Ангеловска придружуван од вокално-инструментален состав од училиштето.

Фетсивалот има за цел да ги поттикне младите да се занимаваат со танц и музика, но и да се зачува традиционалната музика на земјите.

На натпреварот во Италија учестувале вкупно 18 натпреварувачи од музички, основни и средни училишта од земјата домаќин, но и од Литванија, Бугарија, Израел, Ерменија, Хрватска, Индонезија, Шри ланка, Иран и Македонија.

Дисциплините во кои се натпреваруваа учесниците на фестивалот беа хороско, соло пеење, модерен, класичен и традиционален танц.

Покрај хорот и оркестарот, второ и трето место освоиле Лана Алексовска и Ева Балканова во категоријата вокални солисти.

Scroll to Top