Хороскоп за 15 септември: Љубов за скорпијата, успех на деловно поле за бикот

Овен
Можеби сте премногу посветени на некои ситни обврски и проблеми, па ги занемарувате оние крупните. Може да очекувате пријатна атмосфера со личноста која ви се допаѓа. Имате вишок енергија, спортувајте.

Бик
Доаѓате до нови контакти многу значајни за проширување на вашата дејност. Може да се надевате на позитивни околности. По искрениот разговор со партнерот ќе увиди дека се грижи за вас. Можни се проблеми со белите дробови.

Близнаци
Работите посветено, вредни сте и важно ви е да бидете добри во својата работа големи амбиции и планови за иднина. Може да очекувате можност за подобрување односот со саканата личност. Потребна ви е повеќе физичка активност.

Рак
Може да очекувате нова можност за работа или  преминување на место кое повеќе ќе ви одговара. Ве очекува и можност за запознавање  нова личност која ќе ви го привлече вниманието. Одлично здравје.

Девица
Ги преиспитувате своите планови и доаѓате до впечаток дека некаде сте направиле грешка. Време е да промените некои работи. Зад вас е турбулентен период на љубовно поле и сега ви е потребно да бидете сами. Поведете сметка за исхраната.

Вага
Не носете нагли одлуки на работно поле. Ова не е поволен ден за промени и важни настани. Можеби посакувате нова врска, но истовремено се плашите од обврски. Водете сметка за стомакот и цревата.

Скорпија
Доколку сте посветени на приватен бизнис, очекувајте подобрување, како и можност за подобра заработка. Ќе остварите добра комуникација со личноста која ви се допаѓа. Потрудете се да ѝ  ги покажете емоциите. Водете сметка за градниот кош.

Стрелец
Ќе остварите значајно подобрување на заработката кое ќе ви го подигне моралот и мотивацијата. Ве очекува добар ден. Сакате да остварите стабилен однос со саканата личност, но за таа игра се потребни двајца. Јадете свежи намирници.

Јарец
Уште малку ќе трае овој потежок период, а потоа доаѓа фаза за закрепнување на деловно поле. Покажете дека умеете да бидете силни. Комуникацијата со саканата личност не е добра, и двајцата сте склони кон инаетење и настапува тензија. Минлива настинка.

Водолија
Ве очекува момент на одлука, па иако бевте во некоја дилема, сега ќе мора да пресечете. Ако започнете денес нова љубовна врска може да се претвори во долготрајна и стабилна врска во иднина. Здравјето е во ред.

Риби
Ве очекува поволен период генерално, на деловно поле ќе завршите сè што се планирале. Заљубени сте и убаво ви е кога сте покрај личноста што ја сакате. Може да очекувате поволен период за љубов. Посетете стоматолог.

Scroll to Top