Хороскоп за 17 октомври: љубов на прв поглед за вагата, нова шанса за љубов за јарецот

Овен
Ќе имате некои извори на информации кои ќе ве изнервираат, ќе имате проблеми со договорите, со документите, и можни промени на плановите во последен миг. Би требало овој ден да го обоите со нијанса на позитивна енергија на љубовното поле и да го промените на подобро. Водете сметка околу имунитетот.

Бик
Напорен ден ве очекува. Иако ќе имате поддршка од блиските соработници и надредени, во главно се ќе оди бавно и ќе имате чувство дека стоите во место. Искористете ги поволните аспекти и работете на подобрување на вашата врска, бидете опуштени, дружете се, ширете го кругот на пријателите. Многу добро здравје.

Близнаци
Може да очекувате нови шанси, понуди за кои вреди да се размислува. Дали ќе ги искористите или не, тоа зависи од вас колку сте во можност да се посветите на работата. Ако сте слободни, простор за нови случувања ќе има повеќе, а посебно ќе биде интересно познанство со личноста која е тешко достапна. Многу добро здравје.

Рак
Нема да може многу да влијаете на комплетната ситуација денеска, останува да бидете трпеливи и упорни во реализација на својот дел на работата. Во љубовното поле ви одговара да ја промените дневната рутина, повеќе да излегувате и да водите активен живот. Можни стомачни тегоби.

Лав
Ќе треба денеска целата сила да ја вложите во сите страни и добро да се организирате, затоа што вниманието ќе ви биде „расфрлано“ поради многубројните обврски. Она што во љубовта би требало да избегнувате се претерани приговори, зајадливост и да внимавате на ситници. Чувствителен респираторен систем.

Девица
Време е да преземете иницијатива во свои раце колку и да ви е тешко, а се со цел поради подобро функционирање и брзо завршување на работите на дневна основа. Слободните ќе дознаат дека некој близок соработник е заинтересиран подолго време. Внесувајте повеќе храна и витамини.

Вага
Секоја брза одлука само може да ви направи проблем и да ве одведе во погрешна насока. Бидете внимателни во комуникацијата со соработниците. Добар период е за дружење на љубовното поле, за излегување и за забава. Може да сретнете личност во која ќе се вљубите во прв поглед. Можни се респираторни инфекции.

Шкорпија
Не сметајте многу на солидарност и лојаност на соработниците, ќе морате се со својата сила да одработите. Генерално имате добра комуникација со партнерот, но некои информации – тоа ве оптоварува. Потребно е повеќе да се потрудите. Чувствителен урогенитален тракт.

Стрелец
Може да дојде до пробивање на некои рокови, па морате да се занимавате со продолжување на истите, поради што тековните обврски дополнително ќе „трпат“. Во љубовта насочете се кон конструктивни и забавни работи, на добра забава и уживање. Многу добро здравје.

Јарец
Овој ден не е погоден за почнување на нови проекти. Завршувајте ги само неопходните работи кои се однесуваат на вашата конкретна работа, не делете сугестии ниту совети на другите. Слободните имаат шанси за нова љубов. Пуштете нека се одвива се по свој тек. Зајакнете го имунитетот.

Водолија
Веројатно ќе бидете ангажирани на повеќе страни и низ некои дополнителни и хонорарни работи. Можни се нови работни проекти, поволни за вас. Вашите чувства и однос се интензивни, но со големи осцилации. Прво ќе бидете во добри односи со партнерот, потоа ќе се карате… Здравјето е без значајни предупредувања.

Риби
Многу добар работен ден е пред вас. Со многу елан ги решавате задачите и ги „влечете“ и другите околу вас да бидат поефикасни. Не заборавајте дека љубовта сега изгледа многу подобро од ваша перспектива, но не заборавајте дека вашето гледиште не е секогаш исправно и точно. Без сериозни предупредувања кога станува збор за здравјето.

Scroll to Top