Хороскоп за 18 март: интересен предлог од партнерот за шкорпијата, љубов за јарецот

Овен
Доколку денес одите на патување, имате можност да запознаете личност која ќе стане важен дел од вашиот живот, но тоа не мора да биде љубов. Љубов: во вашиот ум, вие сте далеку од врската во која сте бидејќи веќе некое време чувствувате дека нешто не е во ред. Работа: ако некои ваши планови ви се вратат назад, тоа не е крај на светот. Не ја зголемувајте тензијата. Здравје: проблеми со желудник.

Бик
Обидете се да не ризикувате многу денес без разлика на се. Сега е време за планови и ништо друго. Љубов: немаш доволно храброст за тоа што ти е во глава. Работа: во моментов ситуацијата е таква што личи на борба со ветерници. Здравје: проблеми со грбот.

Близнаци
Неправдата ве боли, но не правите ништо за конечно да покажете заби пред луѓето кои ви прават неправда. Љубов: дајте максимум, ако и тоа не покажува резултати, продолжете понатаму. Овој пат ставете се на прво место. Работа: не донесувајте одлуки набрзина и без претходна консултација со претпоставените. Здравје: под стрес сте.

Рак
Денес е важно да не ги одложувате обврските и сето она што сте го испланирале, особено ако е поврзано со куќата и семејството. Љубов: премногу сте зафатени со други работи. Работа: многу обврски, но не се откажувајте. Здравје: вашата енергија е на завидно ниво, затоа искористете ја добро.

Лав
Не сте расположени, а причините за вашите проблеми ги барате кај другите, што е огромна грешка. Лесно се решаваат, само треба да донесете одлука, што ви е тешко. Љубов: ситуацијата би можела да кулминира и да заврши онака како што најмалку сакате. Работа: бидете трпеливи и упорни. Здравје: можни проблеми со грлото.

Девица
Многу работи не зависат од вас, па не е паметно да се оптоварувате со работи кои немате моќ да ги решите. Љубов: ќе мора да влијаете на однесувањето на партнерот. Работа: полни сте со креативна енергија. Здравје: време е да започнете некоја спортска активност.

Вага
Бидете фокусирани на она што го правите денес. Вашето променливо расположение не е пријатно за околината, па можни се помали конфликти и расправии. Љубов: преку блиски пријатели ќе остварите ново познанство и можност за стапување во врска. Работа: ќе добиете поддршка на која не сте сметале. Здравје: дигестивни проблеми.

Шкорпија
Можно е некој да ви даде погрешни информации. Изгледате изненадени од сето она што ненадејно се случува околу вас. Љубов: партнерот може да предложи нешто интересно. Работа: може да добиете известување во форма на неплатени обврски. Здравје: проблеми со забите.

Стрелец
Некои контакти и соработка со луѓе кои всушност самите ги избравте ви донесоа само штета. Умот во вашата глава. Љубов: ако има несогласувања со партнерот, сега ќе најдете компромис. Работа: ситни проблеми кои ќе ги решите со помош на колегите и соработниците. Здравје: стабилно.

Јарец
Постои можност некој сосема нов да влезе во вашиот живот. Ви треба некој кој навистина знае што прави и кој ќе ви биде доверлив. Љубов: ново познанство кое има тенденција да прерасне во нешто повеќе. Работа: поволен ден за работа и заработка. Здравје: имунитетот ви е многу слаб.

Водолија
Избегнувајте да барате совет ако веќе однапред знаете дека нема да го слушате. Секако, вие сами носите одлуки. Љубов: одличната врска помеѓу вас и вашите најблиски може да ја расипе некој друг, а вие нема да имате големо влијание на исходот. Работа: ако не ви се допаѓа некој колега, не е најдобар ден да го покажете тоа. Здравје: проблеми со видот.

Риби
Вклучете се повеќе во работите што сте ги започнале порано бидејќи натрупувањето на обврските може да ви донесе само нервоза и конфликт со околината. Љубов: познанството што го остваривте можеби нема да прерасне во врска, но многу ќе уживате. Работа: вашата волја е силна, но понекогаш тоа не е доволно. Здравје: проблеми со протокот на крв.

Scroll to Top