Хороскоп за 2 мај: На Јарците од работа им треба пауза, а Рибите неочекувана вест ќе ги израдува

Овен
Ќе се обидете да го извлечете најдоброто од денешниот ден. Престанете да го анализирате вашиот партнер. Обрнете внимание на она што треба да го промените во себе. Ако вашиот партнер не ве разбира, размислете дали ова е вистинската личност за вас. На работа комуникацијата може да биде многу лоша.

Бик
Новите одлуки ќе ја подобрат ситуацијата. Се препорачува да пробате нешто ново. Во љубовта време е да се решат несогласувањата. На работа ќе бидете апсолутен победник ако едноставно ги проголтате туѓите зборови денес, поминете преку нив како да не сте ги слушнале. Внимавајте на пејадување и пиење.

Близнаци
Можеби нема да ја добиете поддршката што ја очекувате или нема да добиете онолку колку што давате, но денес не е денот за делење на правдата. Во љубовта несогласувањата денес треба да се заборават, накратко, се разбира. наскоро и двајцата треба да ги дадете вашите забелешки. На работа  некој денес може негативно да влијае на вас, но не дозволувајте да ви го расипе денот.

Рак
За некои работи се двоумите, а кога сè ви има смисла, тогаш разговарајте за тоа со некој близок.Насмевка на лицето, некој сигурно ќе ве забележи. На работа бидете трпеливи со луѓе кои се тесно поврзани со вашиот бизнис. Денеска не претерувајте со пороците.

Лав
Денес можеби ќе бидете во позиција да ги помирите „завојуваните“ страни, но внимавајте да не го извлечете подебелиот крај. Вашата интуиција денес е на високо ниво, особено кога се во прашање семејните односи. Не му посветувате доволно внимание на партнерот. Најдобро би било да се грижите за вашата работа и да не се мешате во туѓи конфликти.

Девица
Внимавајте како се изразувате. Многу лесно може да бидете погрешно сфатени и уште полесно отфрлени од блиска личност. Партнерот можеби изгубил допир со реалноста, така што таквото однесување ти пречи да го кажеш на мирен начин. Мора да се помирите со фактот дека не сите имаат ист поглед на животот како вас.

Вага
Работите не одат мазно и тоа ве нервира. Кога станува збор за љубовта, не се обидувајте да ги забрзате работите.Некои од припадниците на знакот се многу загрижени поради неодамнешните настани или новите сознанија.Направете план и обидете се подобро да ги распоредите обврските.

Шкорпија
Искористете ја можноста која одеднаш ќе ви се појави и помирете се со фактот дека не ги држите сите конци во раце. Партнерот ќе ви даде уште една шанса да објасните некои работи. Концентрирајте се на она што го правите, не мешајте работа и емоции.

Стрелец
Избегнувајте мрачни теми и се што би им пречило или би го расипало денот на вашите најблиски. Во љубовта не си го комплицирајте животот без причина, а ако мислите дека имате причина за сомнеж и лошо расположение, тогаш отворено разговарајте за тоа и решете ја дилемата.Опуштете се денес и наскоро ќе дојде време работите да тргнат по нагорна патека.

Јарец
Брзината е клучна за некои работи, но не за сите секако. Проценете сами колку нешто ви е приоритет.Во љубовта не се сите баш како што се претставуваат, но и вие постапувате од време на време, особено пред партнерот. Од работата ви треба пауза.

Водолија
Мислите дека не ве ценат доволно, но херојски ги извршувате обврските, не оставате простор за критики. Оние кои се на почеток на врска треба да обрнат повеќе внимание на работите кои партнерот ги изнесува како дел од нивното минато. Новите обврски на работа нема да ви бидат проблем доколку се добро платени.

Риби
Неочекуваните вести можат да ве израдуваат, иако можеби нема директна врска со вас. Во љубовта ако нешто е одлично, не значи дека вреди. Добро отвори ги очите. На работа подготвени за соочување со нови обврски.

Scroll to Top