Хороскоп за 21 октомври: Овенот има љубовни проблеми, неповолен ден за Бикот

ОВЕН

Може да се надевате дека ќе успеете да ги надминете проблемите и да ги исправите пропустите кои сте ги направиле во претходниот период. Со саканата личност имате повеќе проблеми отколку што очекувавте. Избегнувајте цигари.

БИК

Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите дури минимум од планираното. Пред вас е период во којшто ќе имате нови случувања на љубовно поле. Водете сметка за стомакот.

БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате реализација на вашите планови. Пред вас е добра фаза во којашто ќе имате интересни случувања. Денеска ќе остварите контакт со личност со којашто ќе посакате убава љубовна врска. Проблеми со грлото. Ќе добиете покачување на платата.

РАК

Пред вас е ден во кој ќе имате многу стресни околности. Подгответе ги своите нерви напорен период. Вашата тврдоглавост е најголем проблем во врската. Ќе биде потребно малку повеќе да се прилагодувате на партнерот. Проблеми со варењето. Ќе добиете покачување на платата.

ЛАВ

Конечно напредувате кога станува збор за работата, подготвени сте за важни чекори и промени во иднина. Ве очекува средба со личност која ви се допаѓа и се надевате дека наскоро ќе започнете врска со неа. Чувствителен уринарен тракт.

ДЕВИЦА

Денеска е поволен ден за промени на работно поле. Може да очекувате можност за преоѓање на друго работно место. Наскоро ве очекува ново познанство. Доколку сте веќе во брак или врска, можни се проблеми. Избегнувајте прејадување.Ќе добиете покачување на платата.

ВАГА

Ве очекува одличен ден на работно поле. Ќе успеете да ги остварите сите планови. Немате потполно исти интереси со саканата личност, ве очекуваат некои кавги, несогласувања и тензија. Нагласен пад на имунитетот.

ШКОРПИЈА

Ве очекуваат нови околности на работно поле. Ќе ви биде потребно време да се прилагодите на промените. Денеска ќе запознаете нова личност. Ве очекуваат многу можности за флерт, врска. Водете сметка за нискиот притисок.

СТРЕЛЕЦ

Денеска може да остварите многу добра соработка која во иднина ќе води кон поголемо напредување. Сѐ повеќе се сомневате во своите чувства и ви се чини дека доаѓа да ставите точка на односот со саканата личност. Проблеми со стомакот.

ЈАРЕЦ

Избегнувајте ризични потези на деловно поле. Пред вас е период во кој ќе имате многу компликации. Ве очекува интересен настан и подготвени сте да им се препуштите на емоциите. Очите ви се чувствителни.

ВОДОЛИЈА

Може да очекувате многу поволен ден кога станува збор за работата. Среќата е на ваша страна. Можеби сте разочарани од саканата личност, бидејќи не ги исполни вашите очекувања. Проблеми со тироидната жлезда.

РИБИ

Денеска ве очекуваат значајни случувања на деловно поле. Пред вас е добар период за важни одлуки. Ќе имате многу самодоверба и ќе успеете да ја заведете личноста којашто ви се допаѓа веќе подолго време. Добро се чувствувате.

Scroll to Top