Хороскоп за 24 ноември: тајна врска за Рибите, турбулентен работен ден за Девицата

By

Овен
Иако промените што доаѓаат се многу позитивни кога се гледаат на долг рок, сè ви изгледа како катастрофа во моментов. Љубов – откривањето дека една личност работи зад вашиот грб може да влијае на вашиот однос со партнерот. Работа – немате премногу верба во соработниците или нивните најнови идеи. Здравје – направете пауза од алкохолот.

dobivaj vesti na viber

Бик
Прифатете некои факти и продолжете понатаму. Сепак, мора да се ставите себеси на прво место. Љубов – се чувствувате како партнерот да ве кочи, но најверојатно грешите бидејќи и нему му е потребна помош и поддршка. Работа – бидете креативни и прифаќајте нови работи. Здравје –  проблеми со главоболка.

Близнаци
Чувајте ги вашите мислења и предрасуди за себе затоа што секој има право да го живее својот живот како што му одговара. Љубов – не  затворајте се во вашата школка. Бидете отворени со партнерот. Работа – држете се до договорот. Здравје – метеоролошки поплаки.

Рак
Имате можност во овој период да ги промените работите на подобро или на полошо. Прво размислете внимателно за секоја акција, па дури потоа дејствувајте. Љубов – не бидете тврдоглави кога е во прашање вашата врска бидејќи не сфаќате дека во секунда работите можат да се променат. Работа – другите не го следат вашето темпо и тоа ве нервира. Здравје – циркулацијата може да биде проблем кај постарите лица.

Лав
Треба да бидете појасни и попрецизни за луѓето да ве разберат и прифатат. Не „виткајте ништо во хартија“. Љубов – тешкиот период е зад вас и сега потрудете се сами да ја ставите врската на прво место. Работа – нервите ви се на работ кога станува збор за одредени луѓе. Здравје – стрес.

Девица
Доколку сте имале напнат период зад себе, сега е време за опуштање и одмор, но внимавајте кога станува збор за информациите што ги добивате од постара личност. Љубов – не занесувајте се од некој што неодамна го запознавте или забележавте, особено ако веќе сте во врска или сте во брак. Работа – турбулентен ден. Здравје – стресот е она што ги предизвикува вашите здравствени проблеми.

Вага
Сите апетити ви се зголемени, не дозволувајте да правите грешки кои подоцна нема да можете да ги исправите. Љубов – премногу флертувате, не размислувате за последиците. Работа – малку повеќе досадно, но ништо страшно. Здравје – проблеми со притисокот.

Скорпија
Некои работи ги гледате појасно и ги прифаќате работите со помалку емоции. Тоа е најдобро за вас во моментов. Љубов – ова е време за сериозни потези и важни одлуки. Работа – извлекувате погрешни заклучоци и стресувате за работи кои воопшто не се проблем. Здравје – проблем со спиењето.

Стрелец
Ако добро планирате се што правите сега и ако размислувате за секој следен потег, нема да погрешите. Сè  што е непромислено ќе донесе проблеми. Љубов – следните неколку недели ќе покажат дали сте згрешиле за една личност или не. Работа – за некои работи ќе треба да бидете трпеливи уште малку. Здравје – пазете се од настинки.

Јарец
Дефинитивно треба да внесете ред во вашиот живот. Започнете со исхрана, а потоа со љубовта. Љубов – вие сте оптимист, но можете да бидете и невнимателни, особено кога се работи за ветувања. Работа – ќе бидете ослободени од некои обврски. Здравје – проблеми со синусите.

Водолија
Ќе треба да му докажете на некого дека сте стабилни и да размислувате реално, ова најверојатно е поврзано со вашата работа. Љубов – фантазирате за една личност која некако ви е недостапна. Работа – ќе постигнете компромис со колегите. Здравје – чувајте го ‘рбетот.

Риби
Ве очекуваат нови можности, а некои ќе ги сфатите многу брзо, па вашата среќа никогаш нема да заврши. Љубов – тајни врски, флертување. Внимавајте ако сте зафатени. Работа – сериозни промени. Здравје – може да се чувствувате многу исцрпени на крајот од денот.

Ќе ви се допадне