Хороскоп за 25 октомври: Близнаците ќе бараат друштво без обврски, а за лавот нова љубов

Овен
Во попладневните часови ќе бидете поопуштени, а ќе се подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Сè што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните. Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет – радувајте се, имате зошто.

Бик
Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење, а ќе има и можност за тоа. Вашите идеи добро напредуваат, а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет – едноставно верувајте.

Близнаци
Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет – преземете одговорност.

Рак
Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубовна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Сигурно е дека можете и подобро, но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет – Ќе ширите позитивна енергија.

Лав
Вашата елоквентност, шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет – бидете отворени.

Девица
Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување, но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата, ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет – наспијте се.

Вага
Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни, а некои и директни. Можете да остварите повеќето од вашите идеи. Сите работи поврзани со луѓе, како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет – ќе се чувствувате добро во својата кожа.

Скорпија
Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот, ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет – поврзете се со луѓето.

Стрелец
Освен што добро ќе се забавувате, во вас ќе расте потребата да бидете главни партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите. Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет – разбистрете си го умот.

Јарец
Ќе бидете малку повеќе сентиментални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да ѝ пречи, напротив. Ќе ја одработите работата како да танцувате. Едноставно, сè ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет – во добра форма сте.

Водолија
Секој има свој став, но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Отворената соработка со другите е единствениот начин  да си го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет – бидете мудри.

Риби
Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но, внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Можеби нема да бидете најдобро разбрани, па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет – издржете.