Хороскоп за 26 мај: Бикот е разочаран, љубовни проблеми за Шкорпијата

Овен
Погрешно ја проценивте моменталната ситуација, можни се извесни киксови. Консултирајте се со постари лица за кои сте сигурни дека ќе ви помогнат. Нервозата ќе ја излекувате со активен одмор и спорт. Ве очекува љубовна авантура, уживајте.

Бик
Загрижени сте кога станува збор за партнерот и децата. Ви се јавува желба да се повлечете и да ги анализирате проблемите што ги имате. Целосно сте разочарани од некого на кого многу му верувавте. Потрудете се утеха да најдете во кругот на семејството.

Близнаци
Наидувате на вообичаената препрека кога станува збор за работата. Сето тоа ве прави дополнително нервозни и раздразливи. Партнерот сака да ви укаже на грешките, а вие го слушате само со едно уво.

Рак
Во целосен елемент сте. Се занимавате со она што го сакате и задоволни сте. Моментално единствено што може да ве изненади е беспарицата, на се’ друго сте навикнати. Емотивната ситуација е сјајна, очекувајте да биде уште подобро.

Лав
Во овој период ви недостига виталност. Премногу сте осетливи, а тоа ве спречува да тргнете во конкретна акција. Поразот тешко го поднесувате, потрудете се да бидете смирени и да ја контролирате ситуацијата.

Девица
Денес треба да поведете малку повеќе сметка за здравјето. Не се чувствувате добро, а и немате енергија. Понекогаш имате чувство дека сите ве искористуваат. Премногу грешите, околината ве почитува, но понекогаш и’ пречи вашата себичност.

Вага
Имате впечаток дека сте заслужиле повеќе отколку што добивате. Ви недостасува објективност за да ги согледате своите способности. Крајно време е да размислувате за нова работа која ќе ви овозможи подобра заработувачка од моменталната.

Скорпија
Повторно на сцена настапуваат проблемите во љубовта. Не сте на чисто кога станува збор за емоциите, но беспотребно се возбудувате. Подготвени сте на верност, но ја прикривате несигурноста во партнерот.

Стрелец
Лесно се нервирате и избувнувате за ситница. На партнерот постојано му наоѓате мани и покрај тоа што не можете без него. Среќа, зашто и тој е свесен за тоа, па не ви забележува. Најдобро би било во моментите на нервоза да почнете да се занимавте со некое хоби.

Јарец
Денес одлично се чувствувате, и покрај тоа што сте напорни за околината. Колегијалните односи постои можност да бидат нарушени, но тоа не треба да ве загрижува. Морате да покажете повеќе толеранција кога станува збор за партнерот.

Водолија
Чувствувате страв за својата егзистенција. Нормално е да не сте рамнодушни, но нормално е и трезвено да размислувате за се’ и да пронајдете компромисно решение. Потрудете се да бидете смирени и трезвено да им приоѓате на проблемите.

Риби
Имате чувство дека некој постојано ви поставува замки на работното место. Како и да е, вие одлично ги извршувате сите работи и можете да очекувате успех. Финансиската ситуација се подобрува, а и љубовта ви цвета.

Scroll to Top