Хороскоп за 28 март: На овните ќе им требаат челични нерви, а рибите се расположени за љубов

Овен

На овните дефинитивно во текот на денов ќе им требаат челични нерви и многу тактичност за да се разберат со другите. Но секогаш треба да ги имаат на ум нивните интереси и да отстапуваат од нив. Денот е добар да поминете и едно мирно попладне со саканата личност по дома.

Бик

Биковите ќе имаат големо влијание на луѓето со кои работат. Ќе им се отвори можност за големи идеи кои претходно ги немале реализирано иако имале можност за тоа. Не секогаш ќе имаат разбирање за саканиот, но за тоа е самиот виновен тој или таа. Како намерно да провоцираат.

Близнаци

Близнаците треба да бидат фокусирани на она што ќе мораат да го направат во текот на денот. Во спротивно ќе им се случуваат грешки и пропусти во работата. И покрај лошиот старт на денот, времето со саканата личност ќе заврши со убави. Слободните ќе уживаат во комуникацијата со симпатијата.

Рак

Ракот ќе умее да ја најде вистинската мерка во комуникацијата со некои луѓе, иако тешко ќе им биде што ќе мораат да им одат по ќеиф. Но, и покрај тоа ќе успеваат да го сокријат незадоволството. Некои од раковите е пожелно да избегнат контакт со саканите и да зборуваат на тешки теми.

Лав

Лавовите ќе мораат да се прилагодат на некои луѓе и да воспостават хармоничен контакт со нив. Можно е да им се случи и деловна средба, која ќе ја договори или посредува некој близок од колегите на работа. Со партнерот одлично ќе се согласуваат.

Девица

Можно е да заборават на некоја обврска или важно ветување што го дале. Што се однесува до социјалните живот, пости личност која ќе почне да им се допаѓа, но тој или таа нема да паднат на нивниот флерт.

Вага

Ќе бидат загрижени од бавноста на реализацијата на некои од договорите на работа и ќе им се чини дека колку и да се трудат, реализиција изостанува. Премолчувањето на некои од работите со партнерот ќе им оди на штета. Подобро е да зборуваат и да се отворат за проблемите.

Скорпија

Ќе морате да ги прилагодат плановите со моменталната состојба. Во моментов се флексибилни и работат на усогласување. Имаат чувство дека партнерот не им покажува доволно внимание и нежност колку што им е потребна. Треба да се обидат да го поправат односот со нив.

Стрелец

Ќе имаат хармонична комуникација со оние колеги со кои не секогаш се согласуваат, но ќе мораат малку и да ја спуштат топката. Но, не треба и да се повлекуваат. Потребна им е комуникација со партнерот.

Јарец

Некои луѓе ги нарекуваат тврдоглави, но и покрај сè сметаат дека се во право и не сакаат да ги менуваат ставовите. Сепак, кога емотивниот партнер е во прашање, треба да знаат дека на овој начин само ја оддалечуваат саканата личност од себе.

Водолија

Нема да бидат задволни од резултатите кои ги постигнале, иако сите други им зборуваат дека го направиле вистинскиот чекор. Во нивните очи тоа нема да изгледа онака како што го посакувале. Потребна им е присутност на саканата личност за да ја разбијат тмурната и досадна секојдневност.

Риби

Излегува дека во текот на денот на агендата им се само обврските во кои не уживаат. Што и да прават треба да знаат дека треба да го направат она што најдобро го знаат. Денес ќе бидат расположени за друштво, љубов и размена на нежности со саканата личност.

 

Scroll to Top