Хороскоп за 28 септември: Рибите се трпеливи, ракот да го искористи денот за одмор

ОВЕН
Бидејќи пред вас се разновидни содржини, водете сметка да не претерате. Потрудете се да се дистанцирате од случувањата и да не се нервирате беспотребно. Невнимателни сте, помалку расеани, а со тоа и наклонети на повреди. Се наоѓате пред големи пресврти.

БИК
Во фаза сте на преобразување, свесни дека морате да вложите многу напор за да го решите проблемот. Ништо не паѓа од небо, затоа и за решавањето на вашите проблеми потребна е енергија. Доколку сакате да си помогнете, потрудете се да се смирите. Релаксирањето ќе му годи и на партнерот.

БЛИЗНАЦИ
Постигнувате неизмерен успех. Во посебно поволна положба се наоѓаат оние припадници што се занимаваат со проучување на филозофија, уметност и теологија. Доколку ја зголемите дозата на внимание, можноста за повреди ќе ја сведете на минимум.

РАК
Умствениот процес е зголемен. Воочувањето на најситните детали го решава проблемот. Во текот на денот ќе се намали енергетскиот тек, затоа се советува одмор. Слободното време поминете го во релаксирана атмосфера и побарајте совет од некој близок пријатели или од член од семејството.

ЛАВ
Доколку некој се потруди да ве извади од такт, потрудете се да го сочувате здравиот разум. Можни се професионални нервози и грижи врзани за домашните. насочете се кон работите од кои можете да имате корист. Партнерот ве поддржува во секоја ситуација.

ДЕВИЦА
Наклонетоста кон флерт е нагласена. Скандалот е нешто што моментално најмалку ви е пожелно. Постигнувате нови искуства во духовна сфера. Имате финансиски проблеми, затоа потрудете се да се спуштите на земја. Оставате добар впечаток врз околината.

ВАГА
Понекогаш претерувате со изливите на нежност и врзувањето на партнерот за себе. Бидејќи сте наклонети на идеализирање, можете да видите дека создававте лажна претстава за саканата личност. Тоа често ви се случува, потрудете се да се контролирате.

СКОРПИЈА
Размислувате како да решите важен проблем. Иако сте подготвени да тргнете во акција, повеќе околности во тоа можат да ви пречат. Една од причините е склоноста кон вирусни инфекции и ослабен имунитет. Потрудете се барем малку да бидете реални. Можеби тоа ќе ви помогне да решите некои работи.

СТРЕЛЕЦ
Се возбудувате беспотребно. Обврските ќе ги завршите, но морате да вложите многу енергија. На емотивен план ситуацијата е непредвидлива. Планирате свршувачка или венчавка. Ве очекува интересно дружење со блиските, препуштете им се на задоволствата.

ЈАРЕЦ
Вредни сте, расположени и истрајни. Позитивните особини ви се во прв план. Може да се каже дека сте идеални, но благата доза на посесивност и љубомора ве кочат во многу планови. Знаете што е убаво, па слободните моменти ги поминувате со личностите што ги сакате.

ВОДОЛИЈА
Пожелно е смирено да ја прифатите состојбата на истоштеност, да ги намалите физичките активности и да почекате сè да помине. Бидејќи денот ќе го поминете пасивно, ве очекуваат позитивни искуства врзани за патувања или запознавање на нешто ново.

РИБИ
Вооружени сте со трпеливост, затоа и не ви пречи бавен напредок. Комплетно сте насочени кон креативна работа и планирање на убави случувања. Постои шанса да отидете на пат, но не очекувајте премногу. Потрудете се да научите нешто од своите грешки.

Scroll to Top