Хороскоп за 29 март: Близнаците ќе добијат убави вести за работа, а водолијата ќе биде магнет за пари

Овен

Дневниот хороскоп за 29 март ви носи монотонија која ќе ви го расипе расположението. Но, на крајот на денот доаѓа главното изненадување. Ќе бидете опкружени со семејството и пријателите. Не дозволувајте лошите спомени од минатото да ви го расипат расположението, туку обидете се да сватите која е причината за стагнацијата која ја чувствувате во моментов.

Бик

Дневниот хороскоп ве советува да не им верувате на личноста која неодамна сте ја запознале. За да знаете дали треба да и верувате, потребно е време да ја запознаете. Не мора да брзате. Еден повик може да ве вознемири кога станува збор за личност од минатото со која сте го прекинале контактот.

Близнаци

Ѕвездите ви предвидуваат убави вести што се однесува до работата. Ова е момент кога можете да вложите повеќе труд отколку што сте планирале, особено ако се занимавате со приватен бизнис. Успехот ви е загарантиран. Треба да го послушате и партнерот. Добро проценете ја ситуацијата, може да ви помогне. Спијте повеќе.

Рак

Денес не ви се излегува. Не е лоша идејата да се изолирате и да останете дома и да ги наполните батериите. Ви годи и бегството од мобилниот телефон и пораките и повиците кои постојано ги добивате, но знајте дека ова е затишје пред бура. Ви следат низа настани кои ќе ве раздрмаат.

Лав

Дневниот хороскоп за 29 март ве советува да не брзата со носењето финансиски одлуки. Не е поволен ден за парични трансакции, големи купувања и расипништво. Ако на некого сте му останале должни, најдобро е да го вратите долгот уште денес. Во љубовта сè тече како што треба. Задоволни сте на ова поле.

Девица

Вашата тврдоглавост многупати ве чинела во животот, но, денес може да ви се исплати. Иако ве убедуваат во спротивното, не се откажувајте од идеите, затоа што тие ќе ви донесат парична добивка. Конфликтите со партнерот сè се почести и се чини дека немате исти амбиции. Разговарајте и добро размислете што сакате да правите на приватен план.

Вага

Дневниот хороскоп за 29 март ви предвидува проблеми со претпоставените, затоа што денес никој не трпи авторитет. Како што минува денот ќе бидете сè подобро расположени, а за тоа ќе допринесат и пријателите и семејството. Организирајте некакво патување, семејството сака што повеќе време да минете со нив.

Шкорпија

Не ви годат промените кои доаѓаат, но немојте однапред да се возбудувате. Бидете трпеливи, затоа што ако сега го истрпите сето она што не ви се допаѓа, на крајот ќе стигне наградата. Ќе биде сè како што сте замислиле, но потребно е да мине некое време. Личност со која долго време сте имале контакт може да ве изненади.

Стрелец

Денес сте нервозни затоа што ништо не ви оди онака како што имате замислено. Пречките на кои денес ќе наидете, можат да ви послужат како лекција. Не одбивајте помош, прифатете ја, особено ако доаѓа од женска личност постара од вас. Во љубовта сè ви оди како што треба. Ја имате поддршката од партнерот.

Јарец

Не ја пропуштајте шансата која ви се дава, само затоа што се сомневате во успех. Тоа е првиот чекор кој ве блокира во остварувањето на целта, а наоѓањето хоби ќе ви помогне да го отстраните. Една личност ќе флертува со вас, но не сте сигурни дали сакате и нешто повеќе од пријателство.

Водолија

Денес парите се лепат за вас. Ви стигнува неочекуван приход, а тоа значи само едно. Добар шопинг. Зрачите со енергија и секаде сте добредојдени каде и да се појавите како гостин. Ова особено остава впечаток на лицата од спротивниот пол, па очекувајте покана. Дојде време за нова љубов, зар не?

Риби

Дневниот хороскоп за 29 март ви предвидува убава промена во животот. Ова може да се однесува на работата која ја работите. Се чини дека конечно можете да го наплатите она што до вчера ви изгледало како невозможно. Искористете ја креативноста и продолжите да се трудите. Засилете го конзумирањето на витамини.

Scroll to Top