Хороскоп за 29 септември: Јарецот ќе добие понуда за патување, ракот е вознемирен

Овен
Сакате да ги задоволите страстите, па бирате начин на кој ќе го направите тоа. Бидете внимателни, бидејќи околината е многу разочарана од вас. Ќе бидете во ситуација да се однесувате заштитнички спрема некого.

Бик
Сигурни сте во своите потези, но потрудете се да издржите до крај. Чувствувате потреба да ги поделите чувствата со некого. Бидете смирени и трпеливи, работите ќе си дојдат на свое место.

Близнаци
Наклонети сте кон уметност и тоа ве прави позитивни. Потрудете се да ги реализирате плановите и очекувајте успех. Од партнерот го барате невозможното. Обратете поголемо внимание на здравствената состојба.

Рак
Се чувствувате вознемирено, но ве очекува добар однос со пријателите и со партнерот. Посветете се на семејството и на работата. Започнете го проектот кој е ваша идеја. Не одбивајте ја понудата за патување.

Лав
Во конфликтна ситуација сте со самите себе. На моменти сè ви изгледа в ред, а набрзо потоа сте незадоволни. Побарајте совет од некој што е постабилен од вас. Имајте трпение и мисла дека сè поминува. Размислете кои ви се приоритети.

Девица
Ова е посебно креативен ден за вас. Станувате романтични, што ни најмалку не е лошо. Што и да направите, ќе чувствувате среќа, а најважно од сè е да се олабавите. Убавите работи се пред вас.

Вага
На сите им излегувате во пресрет, а не знаете како да ги решите сопствените проблеми. Расположението ви е целосно променето. Сето тоа е нормално, бидејќи ја пребродивте финансиската криза.

Скорпија
Нервозите престануваат, па потрудете се да се олабавите. Целосно сте посветени на работата, па може да очекувате резултати. Бидете внимателни со исхраната и обратете поголемо внимание на здравјето.

Стрелец
Скептични сте кон многу работи. Имате погрешно мислење за околината, па потрудете се да го смените. Имате големо влијание врз колегите. Искористете ја ситуацијата за напредок.

Јарец
Искористете ја моќта на концентрацијата. Некои мислат дека функционирате бавно, но како и да е – успевате. Имате одличен ритам и сè се одвива по планот. Ви претстои понуда за некое патување.

Водолија
Полни сте со идеи и не седите со скрстени раце. Сè се врти околу љубовта, па се трудите да ги изградите срушените мостови. Хобито со кое се занимавате го доведовте до перфекција. Ве очекуваат награди.

Риби
Повлечени сте и некој може да ја искористи таквата состојба. Незадоволни сте во љубовниот живот и тоа се одразува на вашето здравје. Избегнувајте конфликтни ситуации. Понудете му помош на пријателот кој е во неволја.

Scroll to Top