Хороскоп за 3 мај: Вагите ќе имаат неочекуван прилив на пари, а слободните водолии ќе имаат можност за почеток на љубовна врска

Овен
Овој ден ви носи неочекувана можност на професионален план. Неочекувани трошоци, но наскоро следува подобрување на ситуацијата. Овните кои се во брак поминуваат низ кризен период денес, бидејќи се можни недоразбирања и расправии со партнерот.

Бик
Посебен успех ги очекува оние бикови кои се занимаваат со услужни дејности и недвижнини. Ситуацијата на финансиски план е нестабилна. Слободните бикови може да запознаат интересна личност во знак на вага или рак.

Близнаци
Успешна соработка со овен или водолија. Доколку сакате да ја промените работата, имате посебна поддршка од планетите. Слободните близнаци може да запознаат сродна душа на некое патување. Близнаците кои се во брак го запоставуваат партнерот и семејството под притисок на обврските.

Рак
Неочекуван прилив пари кои можеби се однесуваат на некој заостанат долг кон вас. Ќе ја обновите старата работна соработка. Слободните ракови денес ги очекува големо интересно излегување со личноста која неодамна сте ја запознале.

Лав
Успешна соработка со личноста во знак на близнаци, девица или вага. Финансиската состојба и понатаму ви е нестабилна. Денес е можно да се најдете во искушение и да влезете во тајна врска со личност која ја познавате преку работа.

Девица
Нова перспектива која се отвора пред вас и се однесува на заминување во странство или соработка со странска компанија. Можни се неочекувани трошоци. Слободните девици завлезени се во некоја состојба на апатија и повлекување во себе, во својот свет.

Вага
Неочекуван прилив на пари и вонредни приливи ќе го одбележат овој ден. Доколку сакате да ја смените својата работа, неочекувана прилика ќе ви дојде од неочекувана страна. Привремено раздвојување од партнерот може да биде предизвикано од некое негово патување.

Скорпија
Денес може да имате работен состанок зад затворена врата. Бидете внимателни во комуникацијата,може да наидете на тежок соработник. Атмосферата на недоверба доминира во вашата врска. Слободните скорпии се опкружени од бројни флертувачи.

Стрелец
Почетокот на работа на нов проект ќе зависи од вашата финансиска состојба. Може да очекувате помош од пријателите или поранешен соработник. Стрелците кои се во врска планираат заедничко патување. Бидете максимално отворени за да не се појави недоверба.

Јарец
Јарците кои се занимаваат со некоја креативна работа може да реализираат посебен успех. Акцентот овој ден е на комуникацијата и договорите. Слободните јарци денес може да влезат во врска со личност која ја познаваат преку работа.

Водолија
Овој ден ќе завршите некоја важна работа, проект или можеби ќе средите некои документи од порано. Посебен успех ги очекува оние кои работат во медиуми. Слободните водолии имаат повеќе можности за почеток на нова врска.

Риби
Рибите кои се занимаваат со креативна работа може да остварат значаен напредок во нивната кариера. Ве очекува успешна соработка со личност во знак на јарец или водолија. Слободните припадници во знак на Риба би можеле да се влезат во авантура на некое патување.

 

Scroll to Top