Хороскоп за 30 август: Проблеми за рибите на работа, убав љубовен ден за лавот

Овен
Ќе ги согледате добрите страни на својата врска и ќе уживате во сите нејзини благодати. Денот е исклучително поволен за купување, договарање соработка и преговори околу парите. Омилени сте, привлечни и задоволни со себе. Забавувајте се со пријателите.

Бик
Ништо не оставајте му на случајот. Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите вие. Ќе напредуваат оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки. Наметнете се со своите идеи.

Близнаци
Прашањата врзани за домаќинството и однесувањето на блиските ќе бара поголема концентрација. Време е да се фатите во костец со неплатените сметки и трошоци. Искористете ги моментите на самотија. Избегнувајте стресни ситуации.

Рак
Немојте премногу да им се давате на оние што не знаат тоа да го ценат и да го препознаат тоа како љубов. Со решително „не“ обидете се да ја избегнете мешаницата, здодевните посети и исцрпувачките полемики. Потребна ви е промена на климата. Бидете доследни самите на себе.

Лав
Љубовниот живот ви поминува низ хармоничен период, но ви сте премногу уморни за нежности. Многу нешто ќе ви биде нејасно и неизвесно. Не наметнувајте се премногу. Позанимавајте се со надворешниот изглед. Во ништо не претерувајте.

Девица
Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема да зажалите! На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете се’ што знаете. Од храната исфрлете ги маснотиите и слатките. Со студена глава анализирајте ја ситуацијата.

Вага
Совршени прилики ќе ги следат вљубените и оние што се на пат да се вљубат. Денот е погоден за финансиски трансакции, соработка со пријателите и работа со децата. Ќе бидете набиени со позитивна енергија. Забавувајте се во друштво.

Скорпија
Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето на заклучоци држете се до фактите.

Стрелец
Привлекувате личност за која не сте сигурни дали одговара на вашиот идеален тип. До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогне медитацијата и вежбите за истегнување. Не ги потценувајте непријателите.

Јарец
Влегувате во минлив период на преиспитување на своите чувства. Ќе посакате промена. Внимателно обработете и подгответе секоја важна деловна информација. Внимавајте на својот изглед. Бидете уредни. Проверете ги примените вести.

Водолија
Не дозволувајте деловните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот интимен живот. Поправете ги расипаните апарати и направете ги неопходните поправки во својот дом. Можни се минливи пречки во дишењето. Бранете ги своите животни уверувања.

Риби
Нема да бидете доволно смирени за улогата што сами себе си ја наметнавте. Одложете сѐ на работното место можни се сплетки, но немојте да учествувате во нив. Пред да се напиете од некој лек, прочитајте го упатството. Не го покажувајте немирот што тлее во вас!

Scroll to Top