Хороскоп за 30 октомври: Проблеми на работа за Лавот, романтична вечер со партнерот за Ракот

By

ОВЕН
Направивте избрзани потези, поради што се најдовте во навидум безизлезна ситуација. Блефирањето не успеа, па имате непријатен разговор со одговорниот. За да ги ублажите последиците, доброволно преземете ја одговорноста и решете го проблемот.

dobivaj vesti na viber

БИК
Донесувате одлука која ви нуди само привремено решение. Иако знаете дека работите не одат како што сте сакале, вие се задоволувате со моменталното решение. Идеално би било ако оставите сè на страна и да си дадете време да размислите.

БЛИЗНАЦИ
Може да се разгорите неконтролирано, па сигурна е сериозна дискусија со непознати лица на јавно место. Можни се и контакти со луѓе од другата страна на законот. За да избегнете можни непријатности, поминете го денот во друштво на саканата личност.

РАК
Постојано зборувате за промени, па тоа станува исцрпувачко за вашата околина, особено за вашите колеги. Своите стравови ги проектирате најмногу на женскиот дел од популацијата. Невнимателна изјава може да предизвика жесток конфликт, иако верувате дека сте добронамерни.

ЛАВ
Доколку на било кој начин се занимавате со трговија, денот ќе ви биде стресен. Иако сте во искушение конечно да завршите некои заостанати обврски, одолејте на искушението и одложите сè за некое време, бидејќи што и да правите денес, ќе го правите повторно.

ДЕВИЦА
Можни се потези кои суштински ќе ви го променат професионалниот пат. Доколку излезот го гледате во големите готовински кредити, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе се изненадите од неповолните детали кои не сте ги забележале на време.

ВАГА
Имате можност да ги измазнете старите недоразбирања и да го освежите контактот со луѓе кои претходно сте ги елиминирале. Вашата уверливост носи добри резултати, но не претерувајте, бидејќи на тој начин ќе преземете и одговорност која не е ваш.

ШКОРПИЈА
Ве очекуваат поволни договори, успешни набавки и стабилизација на полето на финансиите. Доколку носите важна одлука, денот е поволен за тоа. Бидете упорни, не се откажувајте од започнување нови проекти бидејќи слична можност нема да се повтори наскоро.

СТРЕЛЕЦ
Прифативте обврски кои не се во согласност со вашата природа. Утешете се во гледањето на сето тоа како привремен проект кој, кога е завршен, носи нови можности. Доколку во сето тоа е вклучен партнерот, внимавајте, распределбата на улогите би можела да стане навика.

ЈАРЕЦ
Добивате нови задачи. Имајќи предвид дека тоа е ново поле во кое не сте се пробале досега, ќе бидете многу мотивирани. Самите си докажувате колку се големи вашите способности. Внимавајте, не сте безгрешни.

ВОДОЛИЈА
Од комарец правите магаре. Сте се фокусирале на нешто што е сосема неважно. На удар е вашиот партнер, кому се обидувате да му ја покажете својата моќ. Вашата недопирливост нема крај, доколку не застанете на време, следува вистинско фијаско.

РИБА
Расеани сте. Ве обземаат грижи што самите ги создавате и ги решавате проблемите кои допрва ќе се појават. Вашата деконцентрација и однесување на работа може да ве чини многу, па затоа е подобро да се разбудите на време и да ја одделите реалноста од фантазијата.

Ќе ви се допадне