Хороскоп за 31 јули: За Близнаците одличен ден за бизнис, а вагата да се опушти во љубовта

Овен

Нема причина некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да го ограничи вашето деловно или општествено влијание. Не им давајте толкава моќ на луѓето околу вас. Делувате прилично возбудено и тешко ги контролирате емоционалните импулси. Често го губите трпението пред блиска личност. Избегнувајте ситуации кои ве исцрпуваат.

Бик

Не дозволувајте некој да ги разбуди ниските страсти или желбата за деловно ривалство. Бидете реални, пред сè со самите себеси. Колку и да се обидувате да бидете мистериозни пред вашата сакана, не успевате да го скриете вашето основно расположение. Смирете ја совеста во искрен разговор со блиска личност.

Близнаци

Актуелните настани влијаат на вашата популарност помеѓу колегите. Вашиот начин на размислување и водење бизнис е полн погодок, но вие не сте свесни за тоа. Треба да надоместите за грешката што сте ја направиле. Смислете сценарио како можете да ја израдувате вашата сакана личност. Важно е да ги усогласите мислите и чувствата.

Рак

Оптоварени сте со разни обврски, но правите сè што е потребно за да се концентрирате на приоритетните цели. Некој влијае на вашата емоционална или психолошка вознемиреност, потешко ви е да ги разликувате вашите субјективни желби од реалната слика. Применете некои од техниките за психолошка релаксација.

Лав

Нема потреба да го привлекувате вниманието кон себе, доколку однапред не сте обезбедиле нечија помош или поддршка. Емотивните желби ги насочувате кон погрешна личност. Непотребно критикувате личност до која вашиот глас не допира. Одложувањето на обврските лошо се одразува на вашата ментална рамнотежа.

Девица

Упорно избегнувате средба со личност која има посебни барања и негативен став за вашите деловни резултати. Нема потреба да ја искушувате личноста со која сте во романтична или пријателска врска. Опуштете се и намалете ги вашите критериуми. Поттикнете го позитивиниот начин на размислување.

Вага

Секој од соработниците сака да ја заземе најдобрата можна позиција која гарантира нов деловен успех или престиж на социјалната скала. Се однесувате премногу пребирливо и имате премногу забелешки за некоја блиска личност. Опуштете се. Искористете го слободното време да размислите за сè.

Скорпија

Ви се нуди добра можност да ги докажете своите професионални способности. Треба да ги проверите новите информации пред да донесете каква било одлука. Загрижени сте за настани кои вознемируваат блиска личност. Во голема мера правите сè за да исполните нечии очекувања. Ќе уживате во одмор и релаксација.

Стрелец

Доколку ви недостасуваат сигурни информации, не давајте несериозни ветувања, туку побарајте нечија помош. Чувствувате емотивен наплив, некој ве инспирира добро да се забавувате. Бидете доволно имагинативни во друштво на саканата личност. Времето ќе покаже дека сите ваши стравови биле неосновани.

Јарец

Не треба никого да убедувате во вашите добри намери или способности, оставете крајниот резултат кој носи деловни резултати да зборува наместо вас. Доколку сакате да привлечете нечие внимание, време е да ги искористите вашите главни адути во заведувањето, но не бидете нападни.

Водолија

Недоразбирањето во договор со колегите ги пролонгира понатамошните планови и заедничкото дејствување. Прифатете го компромисот. Доколку ве оптоваруваат нови емотивни сомнежи, разговарајте искрено со саканата личност и инсистирајте да ја докажете вистината. Ќе уживате во искрен разговор кој ќе ви влее доверба, опуштете се.

Риби

Не се залажувајте дека нечии ветувања се доволна гаранција за деловен успех, повеќето работи можете да ги постигнете без надворешно влијание. Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да започнете расправија или да создадете нова љубоморна сцена. Обрнете внимание на работите кои позитивно влијаат на вашето расположение.

Scroll to Top