Хороскоп за 4 мај: Јарците ќе имаат напредок на деловен план, а скорпиите ќе бидат цел на додворувачи

Овен
Се чини дека и денеска ќе уживате во друштво на личноста што ја сакате или ќе се трудите да освоите некого што ви е мил. Не мора секогаш да им бидете на услуга на другите. Овој пат би можеле малку повеќе да се посветите на себе и на она што го сакате во работата.

Бик
Без разлика дали сте млади или стари, ќе бидете несигурни и со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза толеранција. Следува одлична соработка со личности што се духовити, забавни, млади и креативни. Исто важи и за работата.

Близнаци
Некои ќе се подготвуваат за важни зборови и во главата ќе кројат значаен говор. Не изразувајте го сѐ уште она што го мислите, но сепак продолжете со планот. Вашите зборови лесно ќе го одразуваат она што го мислите, па ќе знаете дека барем сте се обиделе да дејствувате или да предложите нешто за што верувате дека е добро.

Рак
Ќе се двоумите за тоа колку треба да попуштите и тука нема да најдете вистинска мерка. Потсетете се на својата цел и што е точно тоа кон што се стремите. Денеска не покажувајте ги отворено своите идеи и замисли зашто нема најдобро да ве разберат поради преокупираноста со други работи.

Лав
Нема да дозволите да бидете збунети ако другата страна ве провоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да го зацврстите вашиот однос. Можно е договарање на нов договор. Сѐ ќе изгледа прилично амбициозно, а вие би сакале да се приземјите.

Девица
Истражувањето на сопственото назадоволство не е начин за да ги поправите личните односи доколку во нив не предложите и некои конкретни решенија. Ќе настојувате малку да се оддалечите од работата доколку е можно. Само во мислите ќе ја анализирате минатата недела.

Вага
Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Ќе се зголемат вашите деловни амбиции, но нема да бидат целосно реални. Важно е да утврдите што е навистина можно, а што не.

Скорпија
Оние што можеби се на удар на разни додворувачи, денеска ќе бидат подложни на нивното влијание. Кај оние во врска сѐ добро. Ќе мора малку појасно да објасните што е тоа што вие би го сакале во дел од работите. Послужете се со факти.

Стрелец
Денеска, веројатно, ќе се однесувате по принципот само да се забавувам. Можна е средба без емоционално исполнување. Денеска на вашето работно место ќе биде речиси ангелска атмосфера. Сите ќе бидат подготвени за да си помогнат едни на други.

Јарец
Денеска ќе успеете да се издигнете над тагата и грижите што ве мачат. Тоа ќе биде позитивно поместување и благо олеснување. Денеска добро ќе напредуваат оние што работат во големи компании. Малите претприемачи ќе бидат во искушение.

Водолија
Доколку нешто ве измачувало, денеска ќе се соочите со тоа на дораснат начин. Можеби нема да пеете, но паметно ќе комуницирате и ќе го решите проблемот. Дарежливоста на спонзорите, кои се подготвени да ги зголемат своите вложувања, ќе биде нешто на што ќе се израдувате, но тоа создава и обврски.

Риби
Партнерот ќе ве повика на средба или дури да заминете на излет во двор. Ако прифатите, ќе си поминете одлично. Плодовите на вашата работа би можеле да ви се присторат сомнителни. Ќе мислите дека не го заслужувате она што го добивате.

Scroll to Top