Хороскоп за 6 август: Стрелците ќе имаат додворувачи, а Рибите ги очекува нова љубовна авантура

Овен
Денес ќе ги оттурнувате од себе сите кои ќе ви стојат на патот кон задоволството. Претстојните 24 часа посветете им ги на вашите желби и потреби, без да правите компромиси кога е вашата среќа во прашање. Случаен разговор со пријател ќе ви открие кој има романтични чувства кон вас. Можно е да се изненадите.

Бик
Нема да сакате да трошите енергија залудно денес, бидејќи нема да ја имате во изобилие. Ова не е ден за тешки физички активности и тренинзи. Останете во комфорната зона без да се принудувате да правите нешто што ќе ве истошти. Вечерва следете ја вашата интуиција. Нема потреба постојано да им угодувате на пријателите ако тоа не ви одговара.

Близнаци
Растојанието помеѓу соништата и реалноста се нарекува акција. Денес засукајте ги ракавите и наместо само да посакувате, започнете да остварувате. Многу близнаци ќе постигнат цели кои не си замислувале дека можат. Не носете одлуки само со срцето. Во љубовта потребно е и да го активирате разумот вечерва.

Рак
Единственото нешто што можете да го контролирате се вашите акции, а не туѓите реакции. Денес стремете се да бидете најдобрата верзија од себеси без да се грижите што мислат другите за вас. Секогаш ќе има некој на кого нема да му се допаѓате и тоа е во ред. Внимателно избирајте го друштвото со кое ќе излезете вечерва. Лесно ќе ја впивате туѓата енергија, па со кого ќе сте, такви ќе сте.

Лав
Лесно ќе ви здосадуваат познатите нешта денес. Сега е моментот да пробате нешто ново, да одите каде што досега не сте биле и да им дадете шанса на нови друштва. Експериментите ќе ви годат и во љубовниот и во социјалниот и во личниот живот. Можно е да имате непријатен разговор вечерва. Наместо да чувствувате притисок да зборувате на незгодни теми, извинете се и кажете дека преферирате нешто позабавно.

Девица
Денес ќе бидете гладни за интелектуални предизвици. Сè што ќе ви го бранува умот и ќе ве стимулира умствено ќе има приоритет кај вас. Можно е да бидете освоени од шармер со прекрасен ум. Девиците кои се во врска ќе имаат еден од оние моменти кога ќе откријат важни информации за минатото на партнерот. Ќе започнете да го гледате со поинакви очи.

Вага
Мислите дека небото е ваша граница? Почекајте да започне денешниот ден и ќе си докажете дека за вас не постојат ограничувања. Лесно ќе си ги постигнувате целите, дури и во моментите кога сите ви велат дека „не можете“. Со возбуда ќе го очекувате секој следен час во текот на денот, бидејќи ќе ви биде подобар од претходниот.

Шкорпија
Денес ќе умеете да ги насочите фактите во ваша корист за да постигнете нешто што многу го сакате. Ова е одличен ден за преговори и за барање нешто од одредена личност. Никој нема да може да ви каже не. Останете дома вечерва. Ќе треба да направите нешто за член од вашето семејство.

Стрелец
Можеби прашањата кои ви ги поставуваат луѓето не се обид да ѕирнат во вашата приватност? Можеби тие само сакаат да се уверат дека сте среќни? Денес дозволете им на саканите да бидат дел од вашиот живот. И во љубовта тргнете го штитот кој го држите пред себе. Бидете подостапни за додворувачите, не знаете кога ќе пристигне вистинската личност во вашиот живот.

Јарец
Престанете да планирате и започнете да живеете. Авантурите започнуваат онаму каде што завршуваат плановите. Денес дозволете си да бидете спонтани и видете каде ќе стигнете, веројатно пријатно ќе се изненадите. Ставете се себеси на пиедестал вечерва. Туѓите интереси не се поважни од вашите.

Водолија
Добриот збор железни порти отвора. Денес ќе се уверите дека со љубезност можете да постигнете многу повеќе нешта одошто насила. Не се изненадувајте ако откриете дека некој се огледува на вас. Не чувајте во вашиот живот ништо што ви буди негативни чувства. Време е за нови почетоци.

Риби
Животот ви оди во погрешен правец? Тогаш што чекате, преземете ја контролата врз кормилото и насочете го коработ во посакуваната насока. Не чекајте да биде предоцна за да скокнете во акција. Прекрасна личност ќе пристигне во вашиот живот во клучен момент. Вашата врска во иднина ќе стане нераскинлива.

Scroll to Top