Хороскоп за 6 јули: Ракот да го искористи шармот за успех во бизнисот, на јарецот ќе му годи одмор покрај море

ОВЕН

РАБОТА: Постојано ги анализирате постапките во вашата работа. Има многу позитивни и негативни работи. ЉУБОВ: Денес сте аналитични во сè, па и во љубовта. Поставувате тешки барања од партнерот. Не го правете она што на вас не сакате да ви го прават. ЗДРАВЈЕ: Проверете ја вашата крвна слика.

БИК

БИЗНИС: Сакате новини во вашиот бизнис. Од вашите соработници очекувате сè или ништо. Постојано ги критикувате и паѓаат тешки зборови. Смирите ја ситуацијата. ЉУБОВ: Малку сте резервирани, ладни. На партнерот му е тешко да најде начин да ви пријде и да започне разговор со вас. ЗДРАВЈЕ: Правете вежби за истегнување на долниот дел на грбот.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: Ако нешто тргне наопаку, веднаш побарајте решение од минатото. ЉУБОВ: Партнерот ви го следи секој потег и тоа ве излудува. ЗДРАВЈЕ: За да се ослободите од негативната енергија, добро би било да посетите сауна.

РАК

РАБОТА: Искористете го шармот за да ги добиете посакуваните информации кои се важни за да го продолжите започнатиот проект. ЉУБОВ: Премногу зборувате и партнерот во еден момент навистина не разбира што навистина сакате. ЗДРАВЈЕ: Чудни сте и премногу напнати.

ЛАВ

РАБОТА: Размислувате за заработка на големи пари. Парите ќе ги направите надвор од вашата земја. Веројатно ќе имате деловен состанок со клиенти од арапските земји. ЉУБОВ: Слободните имаат познаник со лица од областа на туризмот и трговијата. ЗДРАВЈЕ: Добро се чувствувате.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Упорни сте. Мора да го издржите денот што е пред вас бидејќи ве очекува напорна работа. Ако сте на одмор, размислете за нова работа. ЉУБОВ: Слободните девици ги очекува емотивно изненадување. Ќе ви го подготви некој кој долго време е заљубен во вас. ЗДРАВЈЕ: Движете се што повеќе.

ВАГА

РАБОТА: Заработувате малку а сакате многу пари. Правете работи кои бараат физички ангажман, движење, патување. ЉУБОВ: Добар ден е за љубов. Не сте затворени енергично. Оние кои се сами ќе влезат во нова љубовна врска. ЗДРАВЈЕ: Намалете ја конзумацијата на алкохол.

СКОРПИЈА

РАБОТА: Неуморни сте. Денес е добар ден за секој кој сака да оствари брз профит. Веројатно ќе работите со Овен или Близнак. ЉУБОВ: Одличен период за љубов и страст. Покажете ги вашите најдлабоки емоции кон саканата личност. ЗДРАВЈЕ: Воспаленија, инфекции.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Стрелецот ќе оди на патување во странство. Работата ви е поврзана со странски инвеститори. ЉУБОВ: Го сакате животот и уживањето, но не сте доволно храбри да ѝ се предадете на вистинската љубов. ЗДРАВЈЕ: Понекогаш чувствувате пад во расположението.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Ќе соработувате со Ракот. Лавот ќе ви даде работа која може да биде клучна за иднината. ЉУБОВ: Некој ќе ви признае дека сте му сè на светот. Ќе бидете изненадени, но и малку исплашени од толку емоции. ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи одмор покрај вода, море, река, езеро.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Станувате посилни и понапредни во работата што ја работите. Имате предност пред другите бидејќи побрзо и подобро ги разбирате деловните придобивки. ЉУБОВ: Можност за тајна љубов. Во текот на целиот овој месец најпривлечни ви се Биковите, Раковите и Близнаците. ЗДРАВЈЕ: Температурата на воздухот ви е непријател.

РИБА

РАБОТА: Ако размислувате за проблемот со продажба на недвижен имот или сакате да го направите тоа сега, почекајте до средината на следниот месец, има поголеми шанси за подобра цена. ЉУБОВ: Осамените имаат шанса да запознаат личност од работната средина. ЗДРАВЈЕ: Користете ги сончевите зраци за регенерација на клетките.

Scroll to Top