Хороскоп за 7 октомври: намалени љубовни очекувања за Јарецот, успех на работа за Овенот

Вага
Малку остана што би можело денеска да ве орасположи во емотивна смисла. Издржете уште еден здодевен ден. Ќе има многу приказни и озборувања, а вие бидете паметни и не им придавајте на значење. Имате многу работа. Прошетајте се на свеж воздух.

Шкорпија
Ќе успеете се да свртите на шега или ќе излезете на добра забава. Односите и натаму ќе бидат површни. Денеска или ќе тргнете на помало службено патување или ќе ве назначат да воведете млади соработници во работата.

 

Стрелец
Ќе ви се чини како работите да ви се лизгаат од раце, но не се грижете. Има многу други добри работи околу вас.Трпеливо ќе ги очекувате почетните резултати од една работа. Ќе има причина за насмевки.

Јарец
Малку ќе се смирите и ќе ги намалите љубовните очекувања. Тоа ќе биде чекор напред кон зрелоста. Денеска ќе работите без никаков притисок, опуштено и со желба. Работите ќе се нижат самите од себе.

 

Водолија
Вашата поврзаност со друштво или пријатели и денеска ќе биде нагласена. Саканата личност ќе има разбирање за тоа. За некои свои соработници ќе бидете добар советник. Ќе знаете да им покажете како да работат побрзо, поефикасно и попрецизно.

 

Риби
Вашиот личен живот се развива добро, а вие сте среќни. Нема пречки да го постигнете она што го сакате. Оние кои се сами имаат самодоверба за додворување. Ќе бидете доста сигурни во себе и свесни за своите достигнувања. Со таква мисла ќе работите без проблем.

 

Овен
Одлично ќе се снаоѓате во личните односи, зашто фантазијата и интелектот ќе ви бидат сојузници. Само мерете ги зборовите. Некој од далеку би можел да ви пружи рака за соработка или ќе предложи продолжување на старата деловна врска.

 

Бик
Од идеја до реализација има долг пат, а денеска малку ќе скршнете од светот на илузиите. Гледајте ја личноста пред вас таква каква што е. Веројатно некој од вашите надредени денеска ќе се посрамоти поради непрофесионалност и тоа ќе биде озборување на денот.

 

Близнаци
Вас како ништо да не може да ве запре во забавите. Сепак, дел од денот ќе мора да му го посветите на семејството. Работата денеска ќе се одвиува вообичаено, а вам ќе ви биде помалку здодевно.

 

Рак
Ќе си дозволите малку повеќе уживање и ќе се препуштите на спонтаноста. Тоа ќе ја унапреди вашата врска. Во деловната кореспонденција ќе се покажете како многу подготвена личност, која знае пластично да ги објасни своите очекувања.

 

Лав
Вашата сакана личност денеска ќе ,,ви јаде од рака”. Ќе биде чувствителна и ќе бара ваша заштита и нежност. Ќе ви недостига тактичност и трпение за некои ваши соработници, кои не се снашле најдобро. Најдете време и за нив.

 

Девица
Освен што и натаму добро се забавувате, денеска ќе се потрудите да се надминете внимавајте до каде смеете да одите. Ќе се послужите со многу креативна идеја , за да решите еден мал деловен проблем.

 

Scroll to Top