Хороскоп за 9 октомври, лавот да уплати лото, го чекаат многу пари, вагата ќе има многу проблеми

Овен

Поминете го денот со семејството. Оставете ги обврските на страна, опуштете се, одморете се, го имате заслужено тоа. Ако неодамна сте излегле од врска, можно е бившиот да се обиде да ви се врати. Добро размислете. Внимавајте, можна е појава на алергија.

Бик

Ве очекуваат еден куп обврски по дома, но немојте да го потрошите целиот ден на нив. Попладнињата минете го во кругот на семејството и пријателите. Наполнете ги батериите и подгответе се за работната недела. Зафатените бикови ги очекува убаво изненадување, а слободните, интересен повик. Внимавајте на болките во зглобовите.

Близнаци

Денес обидете се да не фаќате ништо по дома, затоа што сè што ќе почнете да работите ќе се искомпликува. Посвететее се на креативните работи, преполни сте со идеи. Бившата ќе се обиде да стапи во контакт со вас. Ако станува збор за врска, која неодамна сте ја завршиле, дајте си нова шанса. Засилете го имунитетот.

Рак

Не ве држи место, желни сте да се оддалечите од моменталната ситуација и проблемите во низа. Ако не сте подготвени да се фатите во костецот со проблемите, обидете се да ги решите во друштво со пријателите. Можни се проблеми со варењето, па одберете малку полесна храна.

Лав

Денес ѕвездите ви порачуваат да уплатите на лото и да купите сречки. Парите само ве чекаат да ги соберете. Одличен ден за Лавовите кои се занимаваат со креативна работа. Ќе добиете сјајни идеи, не заборавајте да ги запишете. Уживате во љубовта и сè е онака како што сте замислиле. Здравјето ви е одлично.

Девица

Обидете се неделата да ја минете активно. Повикајте ја личноста која ви се допаѓа и организирајте забавен ден. Куглањето е добра идеја. Ќе ве пратат мали проблеми во семејството, но ништо што не може да се реши. Проверете си го притисокот.

Вага

Проверете ги документите, договорите, старите сметки и ќе наидете на некоја неисполнете обврска која би можело скапо да ве чини. Зафатените Ваги се соочуваат со проблеми. Старите лаги ќе излезат на виделина. Слободните да се пазат од исполнети врска, една таква би можела да ви го компликува животот. Внимавајте на болки во нозете.

Шкорпија

Ве очекуваат прилив на пари. Можно е некој член од поширокот семејство да ви испрати чек од странство. Немојте да потрошите сè на шопинг. Воздржете се. Можни се мали проблеми со партнерот затоа што е љубоморен. За тоа самите сте допринеле, па треба да ја исправите грешката. Потребен ви е поголем сон.

Стрелец

Мрзливи сте и нервозни, а тоа се рефлектира на вашата врска. Немојте да го тестирате трпението на вашиот партнер, особено ако сте во врска со Бик или Шкорпија. Инаку ќе се покаете. Проверете го притисокот. Не ви годи масната храна.

Јарец

Искористете го денот за да ја средите куќата или да ги извршите обврските поврзани со семејството. Сте ги оставиле задолженијата, а денес ако се зафатите со работата, сè ќе завршите многу брзо и лесно. Јарците кои штотуку влегле во врска ќе се изненадат. Партнерот ќе ви го покаже новото лице за кое не сте сигурни дека ви се допаѓа.

Водолија

Денес би требало да го минете денот во природа. Потребен ви е престој на свеж воздух. Неделата ви беше напорна и исцрпени сте во секоја смисла. Проверете ја крвната слика, можно е да сте анемични. Очекувате повик од лице кое штотуку сте го запознале. Заинтригирани сте.

Риби

Не сте ги извршиле обврските на работа во предвидениот рок и поголемиот дел од денот ќе се занимавате со нив. Вечерта посвете си ја себе си. Наполнете ја кадата и пуштете музика. Погледнете и некој филм. Потребно ви е да го одморите мозокот.

 

Scroll to Top