Христијана, Давид и Елена ќе ја претставуваат Македонија на Светско по таеквондо

Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска ќе ја претставуваат Македонија на годинашното Светско првенство по таеквондо, кое од 18 до 26 август ќе се одржи во Астана во Казахстан.

Тројцата ќе бидат под менторство на нивниот тренер и претседател на Федерацијата Марјанчо Лазаревски и потпретседателот Зоран Парулески.

„Последните 2 месеци имавме континуирани подготовки. Го дадовме максимумот и се надеваме на солидни резултати. Можеме да веруваме во нашите натпреварувачи иако за нив ова е прв настап на едно Светско првенство. Тројцата се искусни натпреварувачи и европски медалисти. Тие упорно се спремаа во текот на летната сезона, одрекувајќи се од летниот одмор со цел да дадат сè од себе да ја претсават нашата држава најдобро што можат и по можност да се обидат да се искачат на светскиот пиедестал. Имаат освоено многубројни медали, па се надеваме дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат со добар пласман“, рече Лазаревски.

 

 

 

 

 

Scroll to Top