Хрватка се породи, откако и беше пресадено срце

По успешна трансплантација на срце, 24-годишната Хрватка Марија Маршиќ Јакиќ од Метковиќ роди син. Таа е втора жена во Хрватска која се породила и покрај тоа што имала трансплантирано срцето.

„Се започна во 2013 година со болки во грлото. Потоа дојде вирусот стрептокока кој ги нападна белите дробови и срцето. Една година се лекував во Сплит, кога видоа дека состојбата се влошува и ме испратија во Загреб. Таму веднаш ми рекоа дека морам да бидам на списокот за итна трансплантација, а на 6-ти јуни 2014 година пристигна срце од Австрија“, изјавила таа, пишува хрватски Индекс.

Со сопругот се запознала преку заеднички пријател во 2021 година и вели дека тој и е најголем поддржувач во се.

„Тој ми дава голема поддршка во животот и се грижи за моето здравје понекогаш повеќе од мене. Тој е многу горд на мене и секогаш е со мене. Тој ми беше испратен како дар од небото“, раскажала Марија и додала дека сонувала за семејство уште како мала.

„Од мала сонував да имам свое дете, сопруг и да живеам како другите девојчиња, а потоа завршив со таква дијагноза и ми велеа дека е ризично да имам деца“, вели таа.

Марија ја погодило ваквата ситуација бидејќи таа дете без родители. Нејзината мајка ја напуштила, а татко и исчезнал, родителската љубов секогаш и недостасувала.

„Имав среќа – моите баба и дедо ме сакаа многу,  а потоа кога ќе сретнеш личност која те сака и е покрај тебе, не се плашиш од ништо. Отпрвин се плашев, но верував во Бога и еве, дојде најголема радост од 1670 грама, 41 см и малиот Драган“, рекла таа.

Scroll to Top