Хрватска вторпат во историјата го освои бронзениот медал на Светско првенство. Тие во натпреварот за третото место на Светското првенство во Катар го совладаа Мароко со 2:1 со головите на Јошко Гвардиола и Мислав Оршиќ. Хрватска освои среброто пред четири години во Русија. Првата бронза ја освоија во 1998 година во Франција.