Хрватската пошта не одобри изработка поштенски жик со ликот на Тито

Изработка на поштенски жиг со ликот на Јоспи Броз Тито, не одобри Хрватската пошта барање на Здружението на антифашистички борци и на Сојузот на друштва Јосип Броз од Хрватска за филателистичка изложба како дел од прославата на 130-годишнината од раѓањето на Тито.

Комеморативниот поштенски жиг е вообичаен за некои манифестации и настани. Печатот со ликот на Тито требало да биде во употреба само во една пошта и тоа само еден ден.

„Нивната причина за одбивање беше тоа што Јосип Броз е роден во мај, а ние бараме заштитен знак во ноември. Ова ни беше кажано преку телефон. Се обидовме да објасниме дека 130-годишнината од раѓањето на Тито ја славиме цела година, а не само еден месец, и дека поштенскиот жиг е составен дел на филателистичката изложба и ќе се користи во една пошта. Но, наскоро изгубивме секаква надеж“, изјави за Хина претседателот на САБА, Фрањо Хабулин, пренесе СЕЕбиз.

Scroll to Top