Хрватски град забрани народна музика во кафе-баровите

Градските власти на хрвaтскиот град Ѓурѓевац донесоа одлука да забрана да се изведува и репродуцира народна музика во угостителските објекти и на терасите.

Одлуката ќе стапи во сила следниот викенд во центарот на градот, па важи од петок до недела, за време на познатата туристичка манифестација „Пицокијада“ во Ѓурѓевац.

„Се известуваат угостителите, кои во целост ги намириле своите обврски кон градот Ѓурѓевац и кои пројавиле интерес за продолжување на работното време за време на ‘Пицокијадата’, дека Градот Ѓурѓевац одлучил да одреди поинакво работно време за рестораните и баровите во градот“, стои во соопштението.

Од 24 до 26 јуни угостителите може да работат од 0 до 24 часот. Работното време важи и за терасите поставени до угостителските објекти, како и за шаторите поставени на јавни површини.

Во угостителските објекти лоцирани на плоштадот Св.Јурај и на улицата Староградска во Ѓурѓевац ќе може да се изведува само соодветна традиционална и забавна музика по одлука на градските власти. 




		
		
			
Scroll to Top