Хрватски капетан на брод спаси дете што два дена пловело во чамец на отворено море

Хрватскиот капетан на брод Владимир Шепаровиќ спасил дете кое два дена пловело на отворено море во гумен чамец со весла. Шепаровиќ го забележал момчето на околу 110 километри од најблискиот брег.

Засега не е познато што точно се случило, освен дека многу бродови поминале покрај него но никој не застанал да го спаси момчето, пишува Н1.

„Горд сум на нас и на нашиот екипаж“, напишал капетанот и објавил слики на Фејсбук.

Откако го спасиле, момчето веднаш се јавило кај мајка си да каже дека е добро.

 

Scroll to Top