Хрватски остров се продава за 700.000 евра

By

Приватниот јадрански остров Мали Космач во Хрватска се продава за 700.000 евра. Островот, кој се наоѓа на подрачјето Сплит – Далмација, според агенцијата за недвижности, може да достигне цена и до еден милион евра, објави загрепската телевизија „Н1“.

dobivaj vesti na viber

Островот има површина од 5.000 квадратни метри и е во сопственост на жител на градот Винишче. Понуден е на пазарот во 2016 година. Но, продажбата е отежната поради тоа што на островот не е дозволена градба, но и поради тешкиот пристап до него бидејќи го опкружуваат остри карпи. Погоден е главно за земјоделство, според условите во областа.

Хрватска има 1.244 острови и помали островчиња, од кои 66 се населени. Повеќе од 80 отсто од островите се во државна сопственост, а другите се во приватна сопственост.

 

Ќе ви се допадне

tải sunwin

tải sunwin apk

tải sunwin

tải sunwin

sun win