Хуманитарен концерт во спомен-куќата на Тоше, собраните пари за медицинска опрема за новороденчиња

Безвременските хитови на Тоше ќе ги изведуваат Никола Зацески, Денис Димоски, Марија Груевска и Елена Петреска, поддржани со музичките групи „Инвиктус“ и „Мелем“.

 

 

Собраните средства ќе бидат искористени за набавка на неопходна медицинска опрема за тестирање слух кај новороденчиња во Македонија.

Хуманитарниот концерт е во организација на Play Without Boundaries („Игра без граници“) во соработка со спомен-куќата на Тоше Проески. Станува збор за хуманитарна непрофитна организација основана во Австралија во 2015 година во чест на Тоше Проески.

Од нејзиното постоење организирала повеќе хуманитарни музички настани во Австралија, а ова ќе биде нејзин прв хуманитарен концерт во Македонија.

Scroll to Top