Хуманитарна забава во Скопје за Петар Димитров на кој му е дијагностициран „вест синдром“

Хуманитарна забава со Филип Јордановски, утревечер 10-ти април во „Трибека“. Журката е со цел да се соберат финансиски средства и да му се помогне на малиот Петар Димитров како предвреме родено бебе, на кој уште во својата прва година од животот му е дијагностициран „вест синдром“ и како резултат на тоа се уште не може да седи или стои самостојно.

„Потребни се 30.000 евра за негова интензивна рехабилитација и физикална терапија во Загреб. Организатори на настанот се Саша Богдановиќ и Билјана Јаневска кои што апелираат како и на сите претходни настани кои што успешно завршија така и овој пат да дојдат што поголем број луѓе и да донираме за да има среќно детство како и сите деца. Апелираме за Петар затоа што нашето малку некому значи се. Искрено знам колку можеме сите ние заедно како народ. Тоа се докажа во неколку наврати, па зошто не и сега нели? -Ве чекаме во Понеделник во Трибека од 20часот“, стои во објавата за повик на сите хумани луѓе за помош на Петар.

Scroll to Top