И мажите може да носат сукњи и штикли, дозволи англиска авиокомпанија за својот персонал

By

Англиска авиокомпанија на вработените им дозволи сами да одберат дали ќе носат панталони или сукњи, без разлика на нивниот пол.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за авиокомпанијата „Врџин Атлантик“ во која жените, но и мажите бираат униформа во која најудобно се чувстуваат. Жените може да одберат панталони и патики, додека мажите може да одберат сукњи и штикли.

 „Нашите униформи дизајнирани во 2014 година од Вивиен Вествуд се направени за сите. Новиот кодекс за униформи им овозможува на луѓето да ја носат униформата која им одговара и со која можат да се искажат. Сакаме да создадеме околина на свесна инклузија и да им овозможиме на луѓето да го покажат своето вистинско јас на работа и кога патуваат со нас“, напишаа од компанијата на објавите на социјалните мрежи.

Оваа авиокомпанија исто така им овозможува на вработените да носат значка во зависност од тоа како тие се доживуваат дали како „таа“ или „тој“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virgin Atlantic (@virginatlantic)

Компанијата ги промени и правилата за тетоважи и сега се дозволени, а шминката не е задолжителна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virgin Atlantic (@virginatlantic)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Virgin Atlantic (@virginatlantic)

Ќе ви се допадне