Ибрахим Калесиќ од Тузла на 88 години е најстариот падобранец во Европа

Ибрахим Калесиќ од Тузла е најстариот падобранец во Европа. Тој на 88 години сè уште скока со падобран, а неговата цел е тоа го прави уште десет години за да влезе во Гинисовата книга на рекорди како падобранец од Босна и Херцеговина.

Тој досега скокнал 1.487 пати со падобран од авион

„Се чувствувам одлично, ментално сум одморен и уживам во одлично друштво“, изјавил Калесиќ за време на Parachuting Challenge во Бихаќ.

Неговата желба е да добие свој падобран, а бидејќи е пензионер не може да си го дозволи тоа.

„Би сакал да го имам за да можам да ги тренирам моите ученици кои потоа би ме замениле на натпреварите во скокови“, рекол Калесиќ.

Како најстар активен падобранец во Европа со овој екстремен спорт се занимава 70 години, а во 1963 година станал југословенски рекордер скокајќи од височина од 5.500 метри. Вториот рекорд во кариерата во скокање со падобран го соборил кога заедно со уште пет колеги скокнал на мета висока само половина метар.

Тој открива дека кондицијата ја одржува со добра исхрана и 15-минутно вежбање секој ден.

„Падобранството е екстремен спорт и бара концентрација. За да бидеш добро концентриран, мора добро да спиеш, а за да спиеш добро, мора да имате јасна свест дека никој не сте навредиле или повредиле, а потоа можете да спиете без кошмари и да можете да скокате“, раскажал Ибрахим Калесиќ.

Scroll to Top