Турскиот актер Џан Јаман неодамна на фестивал во Монте Карло беше добитник на награда, за која тој вели дополнително ќе го мотивира.
View this post on Instagram
Стилот на облекување на 32-годишен актер честопати го истакнува на неговиот инстаграм профил, каде објавува фотографии во најразлични комбинации.
View this post on Instagram
Тој дел од средното образование го поминал во Америка, а по враќањето во Истанбул се запишал на правниот факултет и дипломирал во 2012 година. Веднаш почнал да работи како актер, во PricewaterhouseCoopers, а пишувал написи за економската колумна во весникот Dunya. Во текот на годината, еден пријател го убедил да се пријави на аудиција за телевизиска серија и тој ја добил улогата. Првиот голем успех го постигна во серијата „Долунај“ во 2016 година.
View this post on Instagram
Последните неколку години живее во Италија. Тој неодамна беше во љубовна врска со најпознатата спортска новинарка во светот Дилета Леота, но по неколку недели нивната врска се распадна.
View this post on Instagram
Зборувајќи во една прилика за својата идеална сопруга, тој рече дека никогаш нема да му го привлечат вниманието оние кои се однесуваат како мажи или оние кои се премногу гласни, а не го привлекуваат ниту мистериозните жени. Го привлекуваат оние кои се среќни и дека енергијата што ја имаат му е многу важна, заедно со мирисот и бојата на гласот.
View this post on Instagram