„Ил диво“ вечерва првпат ќе имаат концерт во Скопје: Ќе пееме за починатиот Карлос Марин

Еден од најпопуларните бендови изминатите години, „Ил диво“, вечерва ќе одржат концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Ова ќе биде нивно прво гостување во Македонија. Концертот е дел од нивната светска турнеја, а во чест на Карлос Марин, еден од пејачите во бендот кој почина лани во декември од корона.

„Решивме да ја продолжиме турнејата и да пееме за Карлос, бидејќи музиката беше негов живот. Го сакаа милиони фанови ширум светот и ние имавме среќа и чест што можевме да настапуваме со него толку многу години. Длабоко ќе ни недостасуваат неговата разиграност, пријателство и брилијантен глас“, рекоа останатите тројца членови во најавата за турнејата.

Во „Ил диво“ пеат Американецот Дејвид Милер, Французинот Себастијан Изамбард и Швајцарецот Урс Булер. Тие, заедно со Марин го основаа бендот во 2003 година и се прославија со преработки на светските хитови во оперски и класичен стил. На концертот во Скопје, тие ќе ги испеат своите најголеми хитови, а специјален гостин ќе биде мексиканско-американски баритон Стивен ЛеБри.

 

Scroll to Top